По Никола и Ѓорѓи стана шампион: Ѓорѓиев со Хебар ја освои тројната круна во Бугарија

101

Само еден ден откако Никола Ѓорѓиев и неговиот тим АЦХ Волеј ја освоија титулата во Словенија, неговиот брат Ѓорѓи стана шампион со екипата на Хебар во бугарското првенство.

Во третиот финален меч од плеј-офот во бугарското првенство, екипата на Хебар триумфираше на гостувањето кај Нефтохимик во Бургас и со вклупни 3:0 во партии успеа да дојде до нова шампионска титула. За Хебар победата на овој меч не значи само втор шампионски трофеј, туку златна тројна круна – по оние во Суперкупот и Купот на Бугарија кои ги освоија претходно во сезоната.

Ѓорѓиев оваа година беше еден од најдобрите во составот на бугарскиот шампион.

ПретходноЛШ: СТАРТНИ СОСТАВИ – Нема тактизирање, Пеп и Анчелоти тргнуваат офанзивно
СледноШампионките дојдоа на чекор до одбрана на титулата