Лионел Меси не ја имаше сезоната од соништата во дресот на ПСЖ. Аргентинецот заедно со останатите ѕвезди во тимот требаше да играат за титула во Лигата на шампиони, но беа елиминирани. Единствено што успеаја е да го подигнат пехарот во францускиот шампионат.
Во јавноста излегоа бројни информации поврзани со Меси, дел од нив тврдеа дека по една сезона ќе го напушти Париз. Но, како што стојат работите тој не планира да си замине, само да го освои елитното натпреварување со ПСЖ.
„Меси ќе остане во ПСЖ барем уште една сезона. Клубот е подготвен да гради тим околу Аргентинецот, најверојатно под водство на новиот тренер“, пишува „Скај Спортс“.
Челниците на францускиот првак имаат голем план ова лето, останува да видиме кој се ќе дојде и ќе си замине. Извесно е дека Маурицио Покетино ќе биде историја, а се чека после 21 мај, Килијан Мбапе да ја соопшти својата одлука.