Кошаркарите на Реал Мадрид го победија Макаби со 87:76 и први се пласираа на фајналфорот во Евролигата. Реал Мадрид без поголеми проблеми го „реши“ Макаби со 3-0 во четвртфиналната серија, а кралскиот клуб прв ја потврди „визата“ за завршниот турнир во Белград.
Одлично издание кај Реал имаше Серхио Љуљ кој постигна 18 поени, додека кај домашните најефикасен беше Скоти Вилбекин со 22 поени.