Шкендија без шанси, Струмица поведе во финалето на плеј-офот

147

Одбојкарите на Струмица поведоа во финалето на плеј-офот од домашното првенство. Во финалната пресметка со Шкендија, струмичани денеска отворија со победа на домашен терен со убедливи 3:0.

Ако се знае дека оваа сезона овие два тима имаа четири меѓусебни пресметки во кои Шкендија не успеа да освои ниту еден сет, можеби и денешниот убедлив триумф не е никакво изненадување. Струмица доминираше во трите сета и најави дека ова финале може да биде решено експресно во само три меча.

Втората пресметка ќе биде на теренот во Тетово

ФИНАЛЕ НА ПЛЕЈ-ОФ

ПРВ НАТПРЕВАР

СТРУМИЦА – ШКЕНДИЈА 3:0 (25:20, 25:18, 25:21) / (1-0)

ПретходноРеал (М) прв ја потврди „визата“ за Ф4 турнирот во Белград
СледноЛШ ПОЛУФИНАЛЕ: Гол-шоу на „Етихад“, Манчестер Сити со минимална предност патува во Мадрид (ВИДЕО)