Анчелоти: Сити е во предност, но бидете спремни за уште една магична ноќ на “Бернабеу“!

359

Реал Мадрид уште еднаш успеа да се извлече оваа сезона во Лигата на Шампионите. Синоќа на „Итихад“ екипата на Карло Анчелоти на моменти како да беше пред класичен нокаут, посебно по оние 2:0 и 3:1 за Сити. На крајот резултатот гласеше 4:3 за домашниот состав, но реваншот се игра во Мадрид.

Кралевите“ уште еднаш покажаа зошто Реал е Реал.

Тоа го потенцира и самиот стратег Карло Анчелоти…

Почетокот беше многу лош, почнавме многу меко што се вели. Искрено во тие моменти бев по малку и исфруструран. Сепак покажавме дека оваа генерација на Реал Мадрид никогаш не се предава. Да, според резултатот од првиот меч Сити е во предност, но спремете се за уште една магична ноќ на `Бернабеу`во реваншот“ посочи Дон Карло.

ПретходноРеакцијата на Пеп е хит: Горди сме, сакаме финале, во Мадрид одиме да победиме! (ВИДЕО)
СледноОва е “КРАЛОТ“ КАРИМ, ова е Бензема и неговата “паненка“! (ВИДЕО)