Од денеска и официјално се познати двојките за полуфиналните мечеви од купот на Македонија во машка и женска конкуренција.
Кај мажите, Вардар ќе се сретне со Е.Пелистер 2, додека пак во второто полуфинале ќе се сретнат Бутел и Е.Пелистер.
Во женска конкуренција, Ѓорче Петров ќе се сретне со Чаир, додека Металург ќе игра против Куманово.
Завршниот турнир во обете конкуренции ќе се одржи во Кавадарци, односно во салата Јасмин од 13 до 15 мај.
Вардар односно Куманово ги бранат титулите од минатата сезона.
Куп на Македонија, мажи, Ф4:
Вардар – Еурофарм Пелистер 2
Бутел Скопје – Еурофарм Пелистер
Куп на Македонија, жени, Ф4:
Ѓорче Петров – Чаир
Металург – Куманово