Екипата на Ливерпул успеа да го скрши отпорот на Виљареал и да запише победа во првиот полуфинален меч од Лигата на шампионите. „Црвените“ очекувано доминираа на теренот во првото полувреме имаа три-четири шанси за гол, а во еден обид ја погодија и стативата. Мрежите мируваа, но затоа на стартот на второто полувреме за две минути четата на Јирген Клоп го реши мечот.
Во 53. минута на нафрлување на Хенерсон голманот на шпанската екипа лошо реагираше и ја смести во својата мрежа, а во наредната акција Салах убаво го пронајде Мане во шеснаесетникот кој само ја протна топката покрај голманот за водство на Ливерпул и победа од 2:0.
Виљареал кој направи сензација елиминирајќи ги Јувентус и Баерн во претходните две рунди, не заслужи ништо повеќе од пораз. Имаа само еден непрецизен шут во рамките на голот и посед на топка од 34%. Ливерпул заврши со 20 шутеви од кои пет прецизни.
На реваншот на Виљареал ќе треба да даде максимум за да ја надополни оваа негатива.
#UCL | ¡Gol de Liverpool!
Error defensivo entre Estupiñan y Geronimo Rulli que termina en gol de Liverpool
Liverpool 1-0 Villarreal
— En el VAR (@EnElVar) April 27, 2022
#UCL | ¡Sadio Mané!
Golazo de Liverpool tras exquisita asistencia de Mo Salah
— En el VAR (@EnElVar) April 27, 2022