Најдобриот македонски кошаркар за изминатата година и неговиот Плоешти ја завршија сезоната во романскиот шампионат. Во последното коло тимот за кого настапува Андреј Магдевски го совлада Сибиу со 93-88 за 13. победа.
Македонскиот репрезентативец беше прв стрелец во редовите Плоешти. Зад своето име запиша 24 поени, 3 скока и две асистенции за 27. минути на теренот.
Плоешти не успеа да се пласира во плеј-офот, сезоната ја завршува со скор од 13 победи и 17 порази.