Ролан Гарос ги отвара вратите за руските и белоруските тенисери

168

Изминатите денови кружеше прашање дали и Ролан Гарос ќе го следи примерот на Вимблдон и ќе им забрани на руските и белоруските тенисери да играат на турнирот, меѓутоа тоа најверојатно нема да се случи.
Француски „РМЦ Спорт“ пренесува дека руските и белоруските тенисери и тенисерки ќе можат да играат на вториот Грен слем турнир во сезоната но ќе мора да учествуваат под неутрално знаме.

Со тоа францускиот Опен ќе ги отвори вратите за тенисерите и тенисерките од оваа земја за разлика од Вимблдон кои се изјаснија дека нема да го направат тоа и покрај спротиставувањето на АТП, ВТА и Синдикатот на професионални тенисери.

Ролан Гарос почнува на 22 мај и ќе трае до 5 јуни.

ПретходноЛШ полувреме: Ливерпул напаѓа, ја погоди и стативата, но мрежите мируваат
СледноГлуп потег на голманот поради кој Интер може да го загуби Скудетото