Е.Пелистер наиде на силен отпор во салата „Јасмин“, но сепак ја оправда улогата на фаворит против Тиквеш, славеше со 26-32 (16-15) по пресврт и добрата игра во второто полувреме. Со овој триумф избраниците на Жељко Бабиќ им дадоа дополнителна надеж на своите фанови дека титулата конечно може да се пресели во Битола, останува да се направи последниот чекор, да се совлада Вардар во следното коло во плеј-офот.
Божиќ-Павлетиќ постигна 11 гола, Мандалиниќ осум кај победникот, во редовите на Тиквеш Трпчевски имаше шест, еден помалку запиша Симиќ.
Кавадарчани одлично му се спротиставија на вицепрвакот, му правеа големи проблеми 40 минути. Поведоа со 4-1, предност која ја имаа и подоцна во првото полувреме (14-11), на одморот заминаа со минимално 16-15.
Битолчани почнаа полека да влегуваат во потребниот ритам. Тиквеш по 18-17 не успеа да дојде до ново доство, противникот поведе со 18-20, па со 21-25. Тука веќе беше познато дека овој дуел ќе заврши само во еден правец, поточно бодовите ќе ги однесат гостите.