Карим Бензема постигна два гола на гостувањето кај Манчестер Сити, каде Реал Мадрид беше поразен со 4-3. Шпанскиот тим ќе има шанса на 4. мај пред своите фанови да се пласира во финалето во Лигата на шампионите.
Одличниот француски напаѓач, кој стигна до 41. гол оваа сезона, го искоментира својот погодок од пенал со паненка.
„Сите голмани веќе ги прошитаа моите пенали и морав да променам нешто. Пеналот беше ладнокрвен“, рече Бензема по мечот и додаде:
„Верувам во себе, беше навистина забавно. Промашив претходно неколку пенали, но тој кој не ги изведува, не промашува“.