ВМФЛ – ЗАПАД: Супер – дербито меѓу Воска и Вардар ќе се игра во Струга!

1782

 

В сабота (30.04.2022) во рамките на 25.коло во ВМФЛ – ЗАПАД, се игра супер – дербито меѓу Воска Спорт и Вардар. Но, нема да се игра во Охрид, од каде што е Воска туку во Струга и тоа поради фактот дека во Охрид на стадионот„СРЦ Билјанини Извори“ ќе играат Охрид и Кадино.

Инаку овој меч, во случај на триумф на Воска, и дефинитивно ќе одговори на прашањето која од овие две екипи ќе игра бараж за пласман во ПМФЛ.Имено на три кола пред крајот четата на Раде Цицмиловиќ има 6 бода предност,тоа значи дека предноста би била недостижни 9 бода за охриѓани. Во случај пак на победа на Вардар во Струга, е тогаш битката за таа втора позиција на табелата и тоа како ќе се вжешти,тогаш разликата на две кола пред крајот ќе биде само три бода за Воска, но и предност за Вардар во меѓусебните дуели ако на крајот и двете екипи завршат со ист број бодови.

Во претходните два меча меѓу овие две екипи Вардар како домаќин победи со 2:0, додека Воска кога беше домаќин славеше со 2:1.

До крајот на сезоната Воска Спорт игра дома со Беса и на гости со Силекс, додека Вардар игра дома со Силекс и му гостува на Кораби.

ПретходноДебитантот со нова сензација: Работнички стана „пациент“ на Ангели
СледноОдлична партија на Магдевски во последниот меч оваа сезона