Гостивар на „жешкиот“ терен во Битола ќе бара излез од кризата

81

Денеска и утре ќе се одигра третото коло од Супер-лигата. Единствен кој засега сигурно има место во плеј-офот е Пелистер, зад него е актуелниот македонски првак, МЗТ Скопје, кој исто така сигурно чекори, бидејќи има шест бода предност пред четвртопласираниот ТФТ (38 бода).

Првиот меч од третото коло се игра во Битола. Пелистер е домаќин на ранетиот Гостивар. Гостите во последните осум натпревари после Купот на Македонија имаат шест порази и само две победи, или веќе два порази во низа. Сето ова беше доволна причина за да дојде до разделба со Александар Јончевски, кој немаше среќа да ги донесе посакуваните резултати. Неговото место ќе го земе Никола Димитриески, кој веќе пет години е дел од овој тим.

Ова гостување кај лидерот е во незгодно време, Гостивар против еден од најдобрите тимови оваа сезона ќе бара излезе од кризата, се наоѓа на шестото место на табелата со 37 бода исто колку петтопласираниот Феникс. мечот е закажан со почеток во 18:30 часот.

Останатите две средби се играат утре, Еуро Никел ќе води директна битка со ТФТ за третото место на табелата, додека МЗТ Скопје е домаќин на незгодниот Феникс.

Денеска е комплетната програма во плеј-аут конкуренцијата. Почнува со мечот во салата „Независна Македонија“ во Скопје во кој Ангели го дочекува Работнички.

Едeн час подоцна, во Куманово, домашните кошаркари ќе се обидат да дојдат и до петтата последувателна победа во натпреварот против екипата на Навико Академија ФМП, додека пак од 19.часот, во Гевгелија, Кожув е домаќин на младиот состав од Аеродром.

МЗТ Скопје Уни Банка и Ангели се со теоретски шанси да опстанат во најсилната конкуренција, но за да биде така, потребни им се поголем број на победи од досегашните три.

СУПЕРЛИГА – ДВОЈКИ 3. КОЛО

ДЕНЕСКА:

18.30: Пелистер – Гостивар

28. АПРИЛ (ЧЕТВРТОК):

18.00: Еуро Никел 2005 – ТФТ

20.00: Феникс 2010 – МЗТ Скопје Аеродром

ПЛЕЈ-АУТ ЛИГА – ДВОЈКИ 3. КОЛО

ДЕНЕСКА:

17.00: Ангели – Работнички

18.00: Куманово 2009 – Навико Академија ФМП

19.00: Кожув – МЗТ Скопје Уни Банка

 

ПретходноКуп 1/2 финале: Вардар против Е.Пелистер 2, Бутел ќе „брка“ финале против Е.Пелистер
СледноЛШ – полуфинале: Ливерпул и Клоп знаат како против Вилјареал!