Гостивар ја освои Битола, Ефремовски му пресуди на Пелистер

96

Пелистер и Гостивар одиграа фантастичен натпревар, приредија одлична кошаркарска драма која беше решена во самиот финиш. На крајот како победник од битката во Битола излезе гостинскиот тим кој славеше со 71-72 во рамките на третото коло во Супер-лигата.

Кога се чинеше дека домаќинот е на чекор до победата, Ефремовски постигна тројка, која беше одлучувачка за крајниот исход. Мечот го заврши со осум поени, додека лидери беа Силаџи со 31 поен и Димитриески со 13. На другата страна Малешевиќ имаше 18 поени.

Ретко кој се надеваше дека Гостивар по промената на тренерот и кризата во која се најде дека ќе успее да пружи голем отпор и да одигра одлично против лидерот. Избраниците на Марјан Илиевски го добија првиот период со 21-17, но потоа следеше шок.

Гостивар предводен од Димитриески, Рамсон и Силаџи, втората четвртина ја доби со 3-23, на одморот замина со позитива од 25-40.

Сепак ниту ова не беше доволно за мирна завршница, домашниот тим се врати на големата врата, третата четвртина ја доби со 27-12, па во последните десет минути се влезе со егал резултат (52-52). Гостите држеа пристојна позитива од седум поени во 35 минута (57-64), по што битолчани со седум поени во низа изедначија на 64-64.

Малешевиќ и Кесар беше тандемот, кој го поведе Пелистер на 71-69, но на другата страна Ефремовски казни со тројка по нереализираниот напад за сигурна победа. Илиевски повика тајм-аут по 71-72, Малешевиќ не успеа да донесе победа за голема радост на Гостивар.

За битолчани ова беше трет пораз оваа сезона, на другата страна Гостивар стави крај на низата од два порази и остана во трка за плеј-офот.

ПретходноЛШ состави: Жота и Матип на клупа, Конате и Тијаго на терен
СледноСилен отпор на Тиквеш, но бодовите за Е.Пелистер