Дебитантот направи уште едно големо изненадување, на домашен терен го совлада најтрофејниот кошаркарски колектив и тоа по втор пат оваа сезона.
Ангели овој пат од Работнички беше подобар со 72-64, меч од третото коло во плеј-аут лигата. Избраниците на Боби Митев дојдоа до четвртата победа оваа сезона, останаа во игра за местата кои водат во елитата и следната сезона.
Најдобар кај стрелците кај Ангели беше Рејм со 21 поен, Хендерсон имаше 13 поени, на другата страна Балзамовиќ запиша дабл-дабл од 19 поени и десет скока.
По изедначената игра во првата четвртина (15-12) која гостите ја отворија со 2-7, противникот брзо се врати. Одигра одлично во вториот период, го доби со 27-19, па на одморот замина со позитива од 42-31.
Не застанаа кошаркарите на Ангели, напротив имаа 52-37 во 27 минута од мечот, па 59-43.
Во последната четвртина домаќинот имаше проблем, му беа потребни четири и пол минути за да ги постигне првите поени. На другата страна гостите отворија со 8-0 за 61-51. Рејм со четири поени во низа го разигра својот тим зголеми на 65-51 на пет минути до крајот.
Гостите се обидоа да ги размрдаат редовите на Ангели во 38 минута беше 68-58, на двете страни имаше серија на промашувања. Истата ја прекина Мартиноски со тројка за 71-58 и речиси сигур