Ден за драми со „хепи енд“ за Куманово и за Кожув  

87

Дефинитивно денешните мечеви од домашниот шампионат понудија неизвесни завршници. И во плеј-аут лигата имињата на победниците се решаваа на самиот крај. А среќата беше на страната на Куманово и на Кожув.

Екипата на Куманово славеше против Академија ФМП со 88-84 во меч со бројни пресврти, а гостите од Скопје на крајот го запишаа третиот пораз во низа во овој дел од сезоната, по бројните промени никако не успеаваат да дојдат до триумф. Засега и по едно вакво сценарио се лидери во оваа конкуренција.

На нецела минута до крајот, Академија имаше два поени предност од 82-84. Марјановиќ, Николиќ и Зивчевиќ се погрижија бодовите да останат дома.

Токму Зивчевиќ беше прв стрелец со 27 поени и 6 скока, два поени помалку запиша Јузбашиќ, кај гостите Тодоровски имаше 21 поен.

МЗТ Скопје 2 испушти шанса да дојде до триумф против Кожув на гости, кој пак дојде до триумф од 102-96. Домаќинот со серија од 9-0 во финишот успеа да приреди пресврт, поведе со 94-91, а потоа без проблем го приведе мечот.

Унрух со 27 поени беше прв стрелец кај Кожув, ДеКардо запиша 21. На другата страна Митевски запиша 19 поени, еден помалку имаше Андоновски.

ПретходноМегваер го пропушта финишот на сезоната во Премиер лигата
СледноМВП признанието во АБА-лига за Никола Калиниќ