Играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Касемиро дава се од себе за да биде подготвен за реванш со Манчестер Сити.
Тој денеска помина дури четири часа со медицинскиот и кондицискиот тим за да биде комплетно фит за една недела. Според сите прогнози, Касемиро сигурно ќе биде подготвен, а колку многу му недостигаше видовме во победата на Сити од 4:3.
Валверде не е заден везен, а Крос и Модриќ не се толку спокојни во организацијата на нападот кога немаат Касемиро. Затоа е клучен Бразилецот.
Целосно подготвен се очекува да биде и Давид Алаба, кој синоќа излезе на полувреме поради проблем со мускулите.
Реваншот Реал – Сити е на програмата во среда на 4 мај од 21 часот.