Екс-фудбалер на ПСЖ со порака до Рамос: Молчи и работи ја својата задача!

213

Серхио Ромас требаше да биде големо засилување во редовите на Реал Мадрид, но бројните повреди го спречија да остави длабока трага во неговата прва сезона во дресот на новиот француски првак.

Шпанскиот дефанзивец одигра 10 натпревари и постигна два гола. И покрај ова тој не размислува да го напушти ПСЖ.

„Би сакал да играм уште четири-пет години на високо ниво. Потпишав на две години, но би сакал да останам барем три во Париз. Се додека сум физички силен и можам да бидам стабилен, сакам да игра на високо ниво“, изјави неодамна Рамос.

Жером Ротен, поранешниот фудбалер на ПСЖ имаше порака до Шпанецот. Според него секој би сакал да остане во овој тим, бидејќи зема голема плата.

„Серхио Рамос вели дека сака да остане во ПСЖ. Не ме чуди што е така, заработува повеќе од милион евра месечно. Добро, освои се што можеше да освои, но ако сакаш да останеш во ПСЖ молчи и работи ја својата задача на терен“.

ПретходноБензема: Овој мој пенал беше ладнокрвен
СледноПатрис Евра ја отвори душата: Продавав дрога, просев, јадев остатоци од Мекдоналдс