Етиен Капуе: Кога играш на „Енфилд“ е како да си во пеколот

96

Непосредно пред вечерашниот дуел од полуфиналето од Лигата на Шампионите помеѓу Ливерпул и Виљареал, интересна изјава даде искусниот играч на „Жолтата подморница“ Етиен Капуе. Тој долго време беше дел од Премиер лигата како играч на Тотенхем односно Ватфорд и многу добро знае што значи да се гостува на „Енфилд“ еден од најлегендарните стадиони на светот.

„Енфилд е вистински пекол. Морам тоа да го кажам затоа што е навистина така. Тоа е најтешкиот стадион  за гостување во Англија. Начинот на кој Ливерпул игра, начинот накој врши притисок од трибините, тоа е вистински пекол да бидеш на теренот тие деведесет минути“ – вели Етиен Капуе.

 

ПретходноМертенс верен на Наполи
СледноСкај спортс: Навивачите на Јунајтед против семејството Глејзер, Погба и Мегваер