Иако Челзи „виси“, Тухел ја соопшти својата одлука!

313

Тренерот на Челзи, Томас Тухел изјади дека е целосно е посветен на својата работа и дека сака да остане во тимот без разлика на тоа каков состав ќе има следната сезона.

Премиер-лигашот по стартот на агресијата на Русија врз Украина најмногу изгуби. Властите во Велика Британија го протераа газдата на клубот, Роман Абрамовиќ, ги замрзнаа сите неговите активности поврзани со овој клуб. Рускиот бизнисмен веднаш сакаше да го прораде тимот, но ниту тоа не беше доволено. Сега барем работите околу тоа се променија, има неколку заинтересирани кандидати.

Додека трае овој процес, Тухел нема намера да си оди, барем ако се прашува тој.

„И следната сезона животот продолжува, дали ќе ни се допадне тоа или не. Од стартот на подготовките ќе дадеме се од себе, јас ќе бидам посветен со целото мое знаење и срце, без разлика на тоа каков тим ќе имам“, изјави тренерот на Челзи денеска.

Прашањето кое се наметнува е колку нквите гадзи ќе вложуваат во тимот за време на летниот преоден рок во отсуство на Абрамович кој не се штедеше.

ПретходноПатрис Евра ја отвори душата: Продавав дрога, просев, јадев остатоци од Мекдоналдс
СледноДебитантот со нова сензација: Работнички стана „пациент“ на Ангели