Интер се сопна во Болоња за радост на Милан, осум гола паднаа во Бергамо! (видео)

262

Интересен и возбудлив натпревар одиграа Аталанта и Торино во заостанатиот меч од 20. коло во Серија А. Вечерва на „Џевис“ стадионот во Бергамо паднаа осум голови, а двете екипи си поделија по бод (4:4).

Во првото полувреме беше 2:2. Поведоа „биковите“ со голот на Санабрија, но домашните го свртија резултатот со головите на Муриел и Де Рун, за во 36 минута од пенал да изедначи Лукиќ.

Во второто полувреме од 63. до 68. минута гостите постигнаа два гола и поведоа со 2:4. Лукиќ и автогол на Фројлер ја ставија Аталанта во лоша позиција пред завршницата. Меѓутоа „Бижицата од провинцијата“ не се предаде. Успеа да спаси бод. Прво Пашалиќ намали со погодок во 78. минута, а во 83. минута Муриел од пенал изедначи на 4:4.

Глуп потег на голманот поради кој Интер може да го загуби Скудетото

А Интер доживеа пораз на гостувањето кај Болоња, резултат од кој најзадоволен е Милан кој сега има два бода предност на чело на табелата. „Нероаѕурите“ поведоа рано со гол на Перишиќ, изедначи Арнаутовиќ во 28. минута, а шокот за шампионот дојде во 82. минута кога погоди Никола Сансоне.

Интер по 34 кола има 72 бода на втората позиција, Милан е лидер со 74 бода од исто толку натпревари. Болоња е на 13. место.

Аталанта е осма, а Торино е на 11. позиција.

ГОЛОТ НА ПЕРИШИЌ ОВДЕ

ГОЛОТ НА АРНАУТОВИЌ ОВДЕ

ГОЛОТ НА САНСОНЕ ОВДЕ

ПретходноГлуп потег на голманот поради кој Интер може да го загуби Скудетото
СледноМагија на Нено и полуфинале за Валенсија, Докузовски со убедлива лекција за Радуловиќ (ВИДЕО)