ЛШ – полуфинале: Ливерпул и Клоп знаат како против Вилјареал!

182

По оној спектакл на „Итихад“ во првиот меч од првото полуфинале во ЛШ меѓу Манчестер Сити и Реал Мадрид, вечерва од 21 часот на ред е првиот меч од второто полуфинале. Ливерпул на „Енфилд“ го дочекува Вилјареал, значи уште една англиско – шпанска пресметка за влез во големото финале во најквалитетното фудбалско клупско натпреварување во светот.

Некој ќе каже дека „редси“ не би требало да имаат поголемо проблеми, но така мислеа и Јуве и Баерн, екипи кои беа елиминирани од „жолтата подморница“ во 1/8 и 1/4 финалето.

Веројатно Ливерпул и Јирген Клоп знаат како против Вилјареал и Унаи Емери, дека ја научиле лекцијата која беше презентирана од страна на најпријатното изненадување во ЛШ годинава.

Секако дека после се она она што се случуваше на „Итихад“ ќе биде премногу да очекуваме нов спекактакулаерен дуел, нова епска пресметка. Имено реално Ливерпул е тим “машина“, во последните 2-3 недели влезе во топ – форма, тоа е „машина“ која меле се пред себе.

Од друга страна шпанскиот тим нема што да загуби, знае каде и кому гостува и знае дека поседува квалитет за ново изненадување.

Сепак, сепак Ливерпул не е Баерн Минхен а уште помалку Јувентус.

Клоп нема некои посебни проблеми со составот, под знак прашалник е само настапот на Фирмињо, додека Емери нема да смета на Алберто Морено и Пињо поради повреди, а се уште не се знае дали Џерард Морено ќе може да одигра барем некоја минута.

ПретходноГостивар на „жешкиот“ терен во Битола ќе бара излез од кризата
Следно1200 нови пасоши за навивачите на Виљареал