Ненад Димитријевиќ и Валенсија се пласираа во полуфиналето во Еврокупот, откако на домашен терен го совладаа Левалоис со убедливи 98-85. Тимот на македонскиот репрезентативен плејмејкер во следната рунда од плеј-офот ќе ги одмери силите со Виртус Болоња.
Димитријевиќ на теренот мина 14. минути за кои постигна четири поени (0/4 за три, 1/2 за два и 2/2 за еден поен), додаде еден скок и три асистенции.
И на оваа средба, публиката уживаше во неверојатните потези и асистенции на македонскиот кошаркар.
Bullet pass by Neno Dimitrijevic to find Jaime Pradilla for an easy two!@valenciabasket #7DAYSMagicMoment pic.twitter.com/JFLDCQmG3o
— 7DAYS EuroCup (@EuroCup) April 27, 2022
Важна победа во битката за титула запиша Марин Докузовски. Искусниот стратег и најуспешен македонски тренер ја доби првата битка со Дарко Радуловиќ во косовскиот плеј-оф. На домашен терен Пеќ беше подобар од Башкими со убедливи 94-70 за водство од 1-0 во четвртфиналето.
Од „нашите“ кои настапуваа надвор за одбележување е победата на Џејкоб Вајли и Реал Бетис против Манреса со 96-102. Американецот со македонски пасош постигна 10 поени и запиша пет скока.