Манчестер Јунајтед на преостанатите четири натпревари од Премиер лигата нема да може да смета на капитенот Хари Мегваер. Причината е повреда на коленото на англискиот дефанзивец, а менаџерот Ралф Рангник кажа дека тој сигурно нема да игра против Челзи на „Олд Трафорд“ но не кажа што понатаму.
Според „Дејли меил“ повредата е од посериозен карактер и Мегваер ќе ги пропушти сите натпревари до крајот на сезоната против Брентфорд, Брајтон и Кристал Палас.
Мегваер одигра 28 натпревари во Премиер лигата оваа сезона и постигна еден гол.