Според последните информации кои доаѓаат од Италија, Дрис Мертенс нема да го напушти Наполи, туку напротив, ќе потпише нов договор со клубот во кој е најдобар стрелец.
Мертенс и управата на клубот, се договорија на нова соработка во која белгиецот ќе има значително помала плата отколку досега. Тој досега заработуваше 4.5 милиони по сезона, додека пак со новиот договор платата ќе му биде 1.2 милиони.