Квиша Кваратшкелиа, интернационалецот од Грузија и досегашен играч на тимот на рускиот тим Рубин Казан од следната сезона ќе биде дел од екипата на Наполи.
Италијанскиот тим се одлучи да го ангажира 21. годишниот офанзивец кој „оперира“ по левата страна и кој е еден од оние кој е сметан за најтакентирание од својата генерација на таа позиција. Претходно тој има играно и за екипите на Динамо Батуми односно Рустави.
Кваратшкелиа потпишува петгодишен договор, а беше на мета и на екипата на Тотенхем која имаше испратено и официјална понуда.