Натпреварот меѓу У-23 екипите на Њукасл и Саутемптон стана хит на социјалните мрежи само пореди 16-годишниот фудбалер на гостите извесен Тајлер Диблинг. Овој натпревар заврши со победа на неговиот тим од 2:4, од кои негови беа три гола. Хет – трик како хет – трик, ни прв ни последен во фудбалот, но интересно е тоа што сите три гола во период од 35 минути Диблинг ги постигна на идентичен начин. Ја влечеше топката до пред казениот простор а потоа шутираше во левиот агол на голманот на домашните.
Головите паднаа во 6., 33., и 40.минута…погледнете ги головите на Тајлер Диблинг.
6: ⚽️
33: ⚽️
40: ⚽️Take it away, Tyler Dibling 👏 pic.twitter.com/aZDhWNbk56
— Southampton FC (@SouthamptonFC) April 25, 2022