Екипата на Удинезе забележа убедлива победа со 4:0 на гостувањето кај Фиорентина во заостанатиот меч од 20. коло во Серија А. „Зебрите“ имаа само 28% посед на топка, а победија убедливо што е интересен момент. На теренот во финишот на мечот влезе и Илија Несторовски, а неговиот тим ги грабна бодовите.
Пабло Мари и Жерар Делуфеу дадоа голови во првото полувреме, а во вториот дел стрелаа уште Валас и Удоги.
Со оваа победа Удинезе е качи на 11 место со 43 бода исто колку што има и Торино, а Фиорентина е седмопласирана со 56 бода исто колку што има Лацио едно место погоре и кој е на позицијата која води во Лигата на конференции.
Инаку ова е трета победа на Удинезе над Фиорентина по ред во првенството на Италија.