Новиот Јунајтед ќе почне да се гради од Рим?

230

Манчестер Јунајтед полека завршува со оваа сезона, она што е сигурно е дека на „Олд Трафорд“ нема да се слави ништо. „Црвените ѓаволи“ зад себе имаат сезона за заборав, а сите се надеваат дека со доаѓањето на Ерик тен Хаг многу работи ќе се променат.

Кога сме кај засилувањата, денеска италијанските и англиските медиуми на големо пишуваат дека фудбалерот на Рома влегува во игра за дресот на премиер-лигашот. Станува збор за репрезентативецот на Италија, Николо Заниоло.

22-годишниот играч покажа дека има голем потенцијал, стана еден од омилените фудбалери на навивачите на Рома. Но, амбициите на тимот од „Олимпико“ и на Заниоло не се поклопуваат, тој сака да стане еден од најдобрите во редовите на својата репрезентација, а за тоа мора да оди еден чекор напред во својата кариера.

Но, дали навистина ќе се пресели на „Олд Трафорд“ за тоа ќе одлучи Жозе Мурињо, кој сигурно нема да биде пресреќен ако остане без еден од најдобрите фудбалери.

ПретходноПроблем за Вардар, Стоилов се повреди!
СледноНестор на терен, Удинезе со 28% посед на топка со 4:0 ја победи Фиорентина