Патрис Евра ја отвори душата: Продавав дрога, просев, јадев остатоци од Мекдоналдс

238

Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунјатед, Патрис Евра во разговор за „ББС“ откри дека имал тешко дество и дека фудбалот го спасил да не остане на улица, како и голем број на играчи кои потекнуваат во Африка.

„Не се срамам да признаам дека со година се чувствував како кукавица. Тоа беше нешто што ме пристискаше постојано, не го правев поради мене, туку поради своите деца. Продавав дрога за да преживеа, просев и работев во една продавница“, ја отвори својата душа Евра.

Неговото семејство било големо и секој морал да најде начин како да преживее со помош на нивната мајка, која останала сам, неговиот татко ги напуштил.

„Кога ќе паднеше мрак одевме до најблискиот Мекдоналдс и ги јадевме остатоците од мековите. Фудбалот ме спаси. Се уште го паметам првото патување, на 17 години отидов во Италија, и се јавив на мајка ми, и кажав: Ова е рајот. Тука луѓето ми носат храна. Од едната страна имаме лажица и нож, од другата страна вилушка. Никогаш нема да го заборавам тоа“.

Французонот во својата кариера ги носеше дресовите на Монако, Јунајтед, Јувентус и Марсеј, како и на Ница, Вест Хем…Пет пати ја освои Премиер-лигата, три пати Серија а, а еднаш беше првак во Лигата на шампиони.

ПретходноЕкс-фудбалер на ПСЖ со порака до Рамос: Молчи и работи ја својата задача!
СледноИако Челзи „виси“, Тухел ја соопшти својата одлука!