Пау Торес: На наш терен ќе биде поинаква приказната

195

Виљареал дојде на „Енфилд“ да сочува 0:0, но не успеа против црвениот ураган на Јирген Клоп. Ливерпул доминираше создаваше шанси, а на почетокот на второто полувреме за две минути постигна два гола и ја заврши работата. Со предност од 2:0 патува на реваншот во Виљареал. А играчот на „жолтата подморница“ Пау Торес вели дека ништо не е загубено и дека на домашен терен Виљареал ќе пее поинаква песна.

Сепак, живи сме и целиот тим верува дека можеме да направиме пресврт на реваншот. На „Ла Керамика“ тоа го покажавме против Баерн. На домашен терен ќе биде поинаква приказна. Ќе излеземе и ќе покажеме за што сме способни.

Мораме да продолжиме да веруваме во себе. Ќе се спремиме добро, фановите ќе бидат со нас… ние ќе направиме се за да одиграме фантастично и да победиме. Ќе видат дека Виљареал има уште што да каже“, изјави Торес.

ПретходноЛиверпул за две минути го „суреди“ Виљареал (видео)
СледноДе Лаурентис: Летоска мораме да најдеме нови фудбалски „дијаманти“