Проблем за Вардар, Стоилов се повреди!

371

Вардар 1961 се стави во незгодна позиција во завршницата на шампионатот оваа сезона, му дозволи на најголемиот конкурент да си оди од Скопје со цел плен, па сега само триумф во Битола ќе значи одбрана на титулата.

Токму пред оваа важна пресметка, Давид Дејвис се соочува со проблеми. На средбата во „Билјанини извори“ во 50. минута се повреди Стојанче Стоилов. Капитенот на Вардар 1961 во еден незгоден двобој лошо падна на теренот, а според она што може да се види, станува збор за повреда на коленото. Столе остана кратко на теренот со болна гримаса го напушти мечот.

Засега нема информации дали истата е сериозна, останатите десет минути Стоилов ги помина на клупата за резерви.

ПретходноШкупи своите мечеви во Европа ќе ги игра на Чаир!?
СледноНовиот Јунајтед ќе почне да се гради од Рим?