Скај спортс: Навивачите на Јунајтед против семејството Глејзер, Погба и Мегваер

183

Еден од највлијателните спортки медиуми на Островот, а со самото тоа и во светот проведе анкета меѓу наивачите на Манчестер Јунајтед која содржеше едноставно прашање, што би промениле во клубот.

На прво место навивачите го ставија семејството Глејзер, инаку мнозински сопственик на клубот, за кое сметаат дека е типично капиталистички насторено, и нема никаква сентименталност кој легендарниот клуб. Замеруваат дека постојано се мешаат во одлуките на функционерите, дека поставуваат директори од типот на Ед Вудворд кој служи само како марионета, и дека во суштина не знаат како е води клуб. Дека премногу се потпираат на услугите на менаџерите од типот на Мино Раиола, кој има задача само да се збогати и ништо повеќе, како и дека намерно не поставуваат раководни структури кои би знаеле што прават.

Следен на листата кои навивачите на Јунајтед не го поднесуваат е Хери Мегваер, најскапиот дефанзивец во светот. Осумдесетте милиони фунти платени за него, Мегваер не само што не ги оправда, туку тој секојдневно ја шокира јавноста со лоши изведби. Тој според навивачите е типичен пример за лошото раководење на клубот. Трет на листата е Пол Погба чиј што втор мандат на „Олд Трафорд“, минува во очајни изведби и консатно противење да ја продолжи соработката која е очигледно на крајот.

ПретходноЕтиен Капуе: Кога играш на „Енфилд“ е како да си во пеколот
СледноТолку од Анес Рушевиќ сезонава