Фудбалер на Младост Лучани потпиша за Манчестер Сити (ВИДЕО)

1132

Младиот и ултраталентиран играч за врска на тимот на Младост Лучани и младински репрезентативец на Србија, Ѓорѓе Гордиќ ќе потпише договор со ни помалку ни повеќе туку премиерлигашкиот гигант Манчестер Сити. Офанзивецот кој во моментов има само 17. години и кој веќе е стандарден за својот тим секако дека нема во прв момент да заигра под палката на Пеп Гвардиола, туку најпрво ќе остане една година на позајмица во неговиот сегашен клуб, а потоа ќе се види во која од филијалите на Сити ќе замине на калење.

Откупната цена која Сити ќе ја плати во моментов е 2.2 милиона фунти, и плус додатни 10.000 фунти за секој одигран меч на Гордиќ во дресот на Младост следната сезона.

Гордиќ инаку настапи за У21 репрезентацијата на Србија на неодамна одиграниот меч од квалификациите против Македонија во Белград кој го загубивме со 2:1.

FOTO NOvosti rs

Претходно1200 нови пасоши за навивачите на Виљареал
СледноМертенс верен на Наполи