Како што информираат од страна на раководството на новиот шампион, постои можност или шанса мечевите во Европа на кои Шкупи ќе биде домаќин, да се играат на Чаир.
Едноставно Шкупи сака да игра дома на Чаир во Европа, а не на Арената “Тодор Проески“ како што беше досега.
Па така денеска во посета на клубот, но и на стадионот на Чаир, беше делегација на УЕФА предводена од Данило Филачионе. По неговата инспекција на Чаир треба да се даде “виза“ или не нашиот првак да игра на Чаир на европските мечеви кога ќе биде домаќин.