Штипјани први ќе го нагостат новиот шампион!

380

Веќе следниот викенд продолжуваат возбудувањата во ПМФЛ со натпреварите од 30.коло. Иако минатиот викенд и официјално, во тимот на Шкупи, го добивме новиот шампион на Македонија, сепак во последните четири кола и тоа како ќе биде интересно и неизвесно, барем во битката за излез во Европа.

Инаку Штип и фановите на овој град ќе ја имаат таа чест први да го нагостат новиот првак, имено четата на стратегот Гоце Седлоски в сабота (30.04.2022), со почеток од 17 часот, ќе и гостуваат на Брегалница. Во исто време во Тетово досегашниот првак, тимот на Шкендија се среќава со Работнички.

Додека во недела (01.05.2022) на програмата се уште четири меча од 30.коло во ПМФЛ, а во нив се среќаваат Македонија ЃП – А. Пандев, Ренова – Струга ТЛ, Пелистер – Тиквеш и Борец – Скопје.

ПретходноГеоргиевски и Цветковски и натаму ќе го водат Тетекс!
СледноКој ќе ја победи Ц. Звезда ќе добие премија од 150.000 евра од Партизан!