Вечерашниот дуел од полуфиналето од Лигата на Шампионите помеѓу екипите на Ливерпул и Виљареал секако дека ќе биде во центарот на вниманието на светката спортска јавност. По фантастичниот меч синоќа помеѓу екипите на Манчестер Сити и Реал Мадрид, светот очекува нов спектакл. Домаќинот е фаворит, но и гостите не се тука случајно.
Па така, Виљареал објави дека дури 1200 негови навивачи побарале издавање на патна исправа по итна постапка за да присуствуваат на вечерашниот меч на „Енфилд“, каде што на „Жолтата подморница“ ќе и биде потребна сета поддршка на светот, за да оствари добар резултат и да биде во игра и за реваншот.