Адеми и Ристовски против Динамо Киев во меч за мир!

125

Она што пред неколку дена го направи Борусија Дортмунд, тоа утре ќе го направи и Динамо Загреб. Имено клубот на нашите репрезентативци Аријан Адеми и Стефан Ристовски, утре на “Максимир“ ќе одигра пријателски натпревар против Динамо Киев, гигантот на фудбалска Украина. Земја во која веќе два месеци беснее војна по агресијата на Русија врз Украина.

Секако дека ова е потег за респект за Динамо Загреб, кој е најголемиот клуб на овие простори веќе неколку децении.

Приходот од продажбата на влезниците и ќе оди како донација и помош за бегалците од војната во Украина.

May be an image of text

ПретходноКој ќе ја победи Ц. Звезда ќе добие премија од 150.000 евра од Партизан!
СледноНеверојатно: 16-годишен фудбалер на Саутемптон за 35 минути постигна три исти голови! (ВИДЕО)