Вардар во Охрид, Е.Пелистер во Кавадарци ќе се загреваат за главната битка!

109

Денеска ќе се одиграат два од трите мечеви во плеј-офот. Во центарот на вниманието се Вардар 1961 и Е.Пелистер, еден од двата тима на кои оваа сезона ќе го подигнат пехарот. Одговорот на ова прашање ќе го добиеме на први мај во Битола, за кога е закажана нивната пресметка.

Пред битката за тронот, актуелниот македонски првак му гостува на Охрид (18 часот), додека еден час подоцна Е.Пелистер е гостин на Тиквеш. Овие два мечеви треба да бидат загревање за пресметката во Битола.

Утре Бутел Скопје го пречекува Е.Пелистер 2, двата тима се борат за место во Европа, во предност е скопскиот тим има девет бода, два повеќе од директниот конкурент.

Во плеј-аут лигата пак Скопје е домаќин на Струга, мечот е закажан со почеток во 18 часот.

ПретходноНеверојатно: 16-годишен фудбалер на Саутемптон за 35 минути постигна три исти голови! (ВИДЕО)
СледноКуп 1/2 финале: Вардар против Е.Пелистер 2, Бутел ќе „брка“ финале против Е.Пелистер