Како што стојат засега работите, се чини дека Славчо Георгиевски и Дејан Цветковски и натаму ќе бидат на клупата на Тетекс и ќе го предводат овој тим како тренерски тандем до крајот на сезоната.
Да потсетиме дека во текот на вчерашниот ден и двајцата, заедно со претседателот на клубот, Војо Тофилоски си поднесоа оставки. Но како што велат од клубот, со соопштение на официјалната ФБ страна, УО на Тетекс ја прифатил оставката на Тофилоски,но не и на тренерите Георгиевски и Цветковски.