Добра вест за Реал Мадрид пред реваншот со Сити

448

Играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Касемиро дава се од себе за да биде подготвен за реванш со Манчестер Сити.

Тој денеска помина дури четири часа со медицинскиот и кондицискиот тим за да биде комплетно фит за една недела. Според сите прогнози, Касемиро сигурно ќе биде подготвен, а колку многу му недостигаше видовме во победата на Сити од 4:3.

Валверде не е заден везен, а Крос и Модриќ не се толку спокојни во организацијата на нападот кога немаат Касемиро. Затоа е клучен Бразилецот.

Целосно подготвен се очекува да биде и Давид Алаба, кој синоќа излезе на полувреме поради проблем со мускулите.

Реваншот Реал – Сити е на програмата во среда на 4 мај од 21 часот.

ПретходноНаполи доведе интернационалец од Грузија (ВИДЕО)
СледноБензема: Овој мој пенал беше ладнокрвен