Одлична партија на Магдевски во последниот меч оваа сезона

92

Најдобриот македонски кошаркар за изминатата година и неговиот Плоешти ја завршија сезоната во романскиот шампионат. Во последното коло тимот за кого настапува Андреј Магдевски го совлада Сибиу со 93-88 за 13. победа.

Македонскиот репрезентативец беше прв стрелец во редовите Плоешти. Зад своето име запиша 24 поени, 3 скока и две асистенции за 27. минути на теренот.

Плоешти не успеа да се пласира во плеј-офот, сезоната ја завршува со скор од 13 победи и 17 порази.

ПретходноВМФЛ – ЗАПАД: Супер – дербито меѓу Воска и Вардар ќе се игра во Струга!
СледноВардар со убедлив триумф пред дербито во Битола