Реакцијата на Пеп е хит: Горди сме, сакаме финале, во Мадрид одиме да победиме! (ВИДЕО)

538

По невидениот спектакл синоќа на „Итихад“ во првиот меч од полуфиналето во Лигата на Шампионите, кога Сити и Реал одиграа „атомски фудбал“ со резултат 4:3, секако дека треба да се види што кажа стратегот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола.

Ова беше фантастична средба меѓу два тима кои сакаат да играат фудбал, да напаѓаат, ова беше шоу за навивачите. Одработивме многу добри работи, сепак, за жал примивме три гола. Но тука е реваншот“ вели Пеп.

Тој рече дека е горд на својот тим…

Немам замерки, јас им честитам, игравме против еден одличен тим на Карло Анчелоти. Од друга страна да кажам дека горди сме, сакаме финале, одиме во Мадрид да победиме“ рече покрај другот тренерот на Сити.

Инаку после натпреварот на социјалните мрежи кружи видео кое стана хит, за реакцијата на Пеп непосредно по голот на Винициус.

Тој по грешката на Фернандињо веќе знаеше дека ќе биде гол за Реал, дека Винициус ќе го совлада Едерсон…

Вреди да се погледне…

ПретходноИнтер го носи Пјаниќ како замена за Видал
СледноАнчелоти: Сити е во предност, но бидете спремни за уште една магична ноќ на “Бернабеу“!