Толку од Анес Рушевиќ сезонава

304

Тимот на Работнички ќе мора актуелнава сезона да ја доигра без стандардниот Анес Рушевиќ. Тој денеска направи операција  на слепото црево и нема да биде во можност да им помогне на своите соиграчи во последните четири кола.

„Се чувствувам добро, сега се е во најдобар ред и ми претстои период на рехабилитација. Благодарност за пораките на поддршка кои ги добив, а на соиграчите им посакувам многу успех на наредните натпревари“, вели Анес Рушевиќ.

ПретходноСкај спортс: Навивачите на Јунајтед против семејството Глејзер, Погба и Мегваер
СледноНаполи доведе интернационалец од Грузија (ВИДЕО)