Контроверзната сопруга на напаѓачот Мауро Икарди, Ванда Нара, денеска на суд, тужејќи го новинарот Фабризио Корона, сведочеше дека никогаш не била во врска со хрватскиот интернационалец Марсело Брозовиќ и дека текстот кој Корона го напишал е измислица. Поради тој текст наводно Мауро Икарди морал да си замине од Интер.
„Мауро Икарди беше приморан да го напушти Интер поради тие написи кои беа лажни. Не сум била во врска со Марсело Брозовиќ. Не знам од каде тие лажни приказни, за кои на никого не му е јасно од каде произлегоа. Јас немам ниту број од Брозовиќ“ – сведочеше Ванда Нара.
На судењето се повикани да сведочат и самите Мауро Икарди и Марсело Брозовиќ.