Лестер Сити и Рома не успеаја да изборат предност по првиот полуфинален меч од Конференциската лига на УЕФА. Дуелот во Англија заврши нерешено со резултат 1:1 и комплетно го остави отворено прашањето околу патникот во првото финале.
Капитенот на гостите Лоренцо Пелегрини го отвори резултатот во 15. Минута, но Адемола Лукман израмни во 67. минута.
Во второто полуфинале, Феенорд дојде до минимална предност на дуелот со Олимпик (М). Холанѓаните во фантастична атмосфера на „Де Кујп“ славеа со 3:2 над францускиот преставник.
КОНФЕРЕНЦИСКА ЛИГА
ПОЛУФИНАЛЕ (ПРВИ МЕЧЕВИ):
Лестер – Рома 1:1
Феенорд – Олимпик (М) 3:2