Тажна вест за сите вистиннски фанови на кошарката на овие простори. Имено на 57 години од срцеви проблеми почина Зоран Сретеновиќ, легендарниот кошаркар на Југопластика од Сплит, со кој тим трипати по ред, 1989, 1990 и 1991 беше европски клупски првак. Беше и репрезентативец на екс – СФРЈ и кошаркар во повеќе клубови. Беше и тренер на познати клубови од овие простори.
Со својата елеганција, смиреност со своите вештини на плејмејкерската позиција Сретеновиќ секогаш беше во служба на тимот. Како нешто поискусен знаеше и тоа како да им каже што треба да прават на помладите Дивац, Кукоч, Раѓа…и сите останати во Југопластика и репрезентацијата на екс СФРЈ.