Феникс 2010 покажа заби, но МЗТ Скопје А ја однесе победата

105

Кошаркарите на шампионот МЗТ Скопје А. малку потешко од очекувањата стигнаа до нова победа во домашниот плеј-оф, откако вечерва на гостувањето против Феникс 2010 славеа со 78:70.

Интересно е што во последната четвртина на мечот, Феникс 2010 одигра извонредно и успеа да стопи голема разлика, па на крајот и да го внесе дуелот во неизвесна завршница. На помалку од пет минути до крајот, Феникс 2010 ја стопи разликата на само два поени (66:68), потсетувајќи дека не случајно е во друштвото кое разигрува за титулата. Сепак, „штрковите“ успеаја да се соземат па во последните две минути веќе влегоа со пристојна предност од 7 поени и на крајот успеаја да ја претворат во победа.

Кај Феникс 2010 извонредно издание имаше Бојан Трајковски кој заврши со 25 поени, додека кај МЗТ Скопје А. Николов постигна 12, а Војдан Стојановски заврши со 10 поени.

ПретходноАнадолу Ефес обезбеди место на Ф4 турнирот во Евролигата
СледноКлоп за новиот договор: Жена ми сакаше да остане, а јас како добар сопруг морав да прифатам