По Реал (М) и кошаркарите на Анадолу Ефес обезбедија пласман на фајнл-форот во Евролигата што од 19 до 21 мај ќе се одржи во Белград.
Актуелниот европски шампион со победа од 75:70 на вечерашниот четврти меч протиув Олимпија Милано успеа да дојде до 3:1 во победи и практично да си го потврди пласманот меѓу четирите тима кои ќе играат за европската круна.
Во четвртиот натпревар во Истанбул видовме неизвесна завршница и победата на Ефес во последните моменти од мечот. Плајс постигна 25 поени и беше најефикасен кај турскиот тим, додека кај Олимпија Милано, Датоме имаше 21 поен.