На ждрепката во Љубљана за ЕУРО 2022, кое покрај во Словенија и Црна Гора ќе се одржи и кај нас во Скопје, присуствуваше и нашата ракометна репрезентативка Андреа Седлоска.
Инаку да потсетиме дека Македонија доби тешка група, и ќе игра против Франција, Холандија и Романија.
Седлоска непосредно пред ждрепката истакна…
“Ова ЕП е голема работа за нас. Ме радува тоа што ќе играме на него, а исто и што ќе играме дома. Ова ќе биде прв голем турнир за Македонија по 2008 година, а тоа првенство врз нас имаше големо влијание. Се надевам дека ќе дојдеме до големи достигнувања, дека ќе оствариме големи работи на ова ЕП. Дека ќе бидеме успешни“истакна Седлоска.